Дома Македонски спорт Мак фудбал Војна на новото и старото раководство на ФК Тетекс: Вратете го долгот, за сите закани ќе бидат известени надлежните!

Војна на новото и старото раководство на ФК Тетекс: Вратете го долгот, за сите закани ќе бидат известени надлежните!

Преку официјално соопштение новото раководство на Тетекс денес побара од старото да се исплатат долговите кои биле во висина од два милиони денари, но и да престанат заканите.

Тетекс е еден од симболите во македонскиот фудбал, но сега поминува низ тежок период.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


СООПШТЕНИЕТО ОД ФК ТЕТЕКС:

„Упатуваме апел до сите фудбалери кои следната сезона нема да бидат дел од ФК Тетекс, за се што се договарале со старото раководство, да се обратат кај нив, односно кај раководството што ги распродаваше клупскиѕе интереси и кои го оставија клубот со исклучена струја и долгови од околу 2 милиони денари.

Истовремено упатуваме апел до старото раководство и до луѓето блиски до нив дека заканите кон ченовите на УО и Претседателот на ФК Тетекс и за нивните приватни бизниси ќе бидат пријавени кај надлежните институции. Заканите на поранешниот шеф на стручен штаб дека “сите негови судии следната сезона ќе судат на штета на ФК Тетекс”, ќе бидат проследени до ФФМ за да се утврди кој навистина “ги поседува овие судии” и на кого точно тоа се однесува.

За сите закани и искажани невистини од страна старото раководство, луѓето блиски но нив и екс шефот на стручниот штаб ќе биде известена МВР.

Можеме само да им порачаме да си го сервисираат долгот кој го оставија на клубот.

п.с. Оставете не да работиме на раат за доброто на клубот.“, објавија од тетовскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…