Дома Фудбал Останато „Војната“ започна: Европските гиганти ќе формираат паралелна организација на УЕФА, ќе издвојуваат три пати повеќе пари за сиромашните клубови!

„Војната“ започна: Европските гиганти ќе формираат паралелна организација на УЕФА, ќе издвојуваат три пати повеќе пари за сиромашните клубови!

Одлуката 12 европски гигнати да формираат нова Суперлига предизвика бура на реакции во фудбалска Европа.

УЕФА веднаш реагираше и се закани со исфрлање на овие клубови од националните првенства и забрана нивните играчи да играат во репрезентациите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалскиот свет смета дека ова е „игра на богатите“ кои само сакаат да го зголемат профитот.

Меѓутоа, големите клубови влегоја во тотална „војна“ против кровната организација и сметаат дека УЕФА само профитира на нивна сметка.

Последните информации се дека Суперлигата ќе инвестира 10 милијарди евра во фудбалот во следите 23 години, односно 434 милиони евра годишно. Тие пари ќе бидат за развој на фудбалот во сиромашни земји, младинските категории и женскиот фудбал.

Тоа е три пати повеќе од парите што ги обезбедува УЕФА, која годишно за истите цели издвојува 160 милиони евра.

Со ова паѓаат во вода обвинувањата дека целта на клубовите е само профит и ништо друго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…