Дома Останати Волкановски за неговото потекло: Татко ми е Македонец, мајка ми Гркинка 🎥

Волкановски за неговото потекло: Татко ми е Македонец, мајка ми Гркинка 🎥

Aлександар Волкановски за викендот по петти пат изминатиот викенд го одбрани шампионскиот појас во УФЦ во перолесна категорија, а по оваа борба повторно се зборуваше за неговото потекло.

Конор Мекгрегор сакајќи да го понижи потенцирајќи дека за него е непознат, па го праша да не случајно е Полјак. Волкановски често пати потенцира дека е Австралиец со македонско потекло, а сега во видео на Тик-Ток објасни малку повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во видеото Волкановски зборува дека неговата мајка е Гркинка, а таткото Македонец, но и таа е поврзана со нашата држава затоа шт ое од Егејска Македонија каде што нејзиното семејство присилно морало да го додаде презимето Калменидис.

„Мојот татко е Македонец, Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, нејзиното моминско презиме е Калмендис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, зборува Волкановски

Кога се професионалните борби во прашање тој настапува под австралиско знаме, но многу често се фотографира со македонското знаме со сонцето од Кутлеш. Волкановски беше присутен и на концертите на турнеите во Австралија на „Некст Тајм“ и Влатко Лозановски.

@byzantine.crusader9 Reply to @rickgrimes169 #volkanovski #australia #greece #fyp #ellada #hella ♬ original sound – Greek Crusader
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Медиумите по потписот го потсетија Ракитиќ на изјава до 2006 година

Хрватскиот ветеран Иван Ракитиќ и официјално беше претставен како нов фудбалер на Хајдук о…