Дома Македонски спорт Мак фудбал ВМФЛ: Денес се играат одложените средби на Истокот и Западот

ВМФЛ: Денес се играат одложените средби на Истокот и Западот

На програмата денес од 13:00 часот се закажани пет натпревари од втората лига на Истокот и Западот, станувас збор за дуелите кои беа одложени во саботата поради временските услови.

Кожуф- Братство (Гевгелија) и Детонит – Осогово (Радовиш) на истокот, како и Велешта – Силекс (Велешта), Кораби – Охрид (Дебар) и Гостивар – Тетекс (Гостивар) се натпреварите кои треба да се играат.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Останува да видиме дали организаторите на натпреварите создале услови денес да има фудбал. Ќе потсетиме, исто така се игра и еден одложен натпревар од ПМФЛ во кој Ренова и гостува на Струга и тој е во терминот од 13:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…