Денес ќе ја добиеме конечната разврска во Втората македонска фудбалска лига.
Екипите на Победа и Силекс враќањето во најсилната конкуренција го потврдија уште претходно, а денес ќе се решава кој ќе оди во баражот. На Западот кандидати се Воска Спорт и Вардар, додека на Истокот во игра се Беласица и Слога Виница.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Воска не треба да изгуби на гости кај Силекс и ќе обезбеди место во баражот, од друга страна Вардар мора да се надева дека Силекс чесно ќе си ја одработи задачата и дека тие ќе слават против Кораби.,
Слога на Истокот ќе ја пречека Победа, додека Беласица ќе игра против Гевгелија. На дното на табелата во ранг подоле испаднаа Велешта, Кадино, Братство и Локомотива. Последната надеж за спас ја има Осогово кој заостанува два бода зад безбедниот тим на Пехчево и Кораби кој го „брка“ Охрид.
Натпреварите во Втората македонска фудбалска лига се играат со почеток во 17:00 часот.