Дома Фудбал Останато „Видиќ бараше од Фергусон да го пушти да се бори за Србија во Косово“

„Видиќ бараше од Фергусон да го пушти да се бори за Србија во Косово“

Eрменскиот репрезентативец Варзад Харојан го смета поранешниот српски стопер Немања Видиќ за пример.

Видиќ кој најдобрите денови ги помина во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон беше познат по победничкиот каракатер и бескомпромисната игра на теренот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според приказните кои во јавноста ги кажуваат неговите поранешни соиграчи таков беше и на тренинзите. На таа тема зборуваше и Харојан.

„Немања Видиќ е мој пример. Се сеќавам кога Сер Алекс зборуваше за него. Видиќ кај Фергосуон бараше да го пушти да оди да се бори за Србија во Косово. Не знам колку таа приказна е вистинита, но остана запаметена. За неговите играчки квалитети не треба да се зборува“, изјави 27 годишниот ермански фудбалер.

Харојан во овој момент игра за руски Урал и за својата репрезентација има 50 настапи и три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…