Дома Македонски спорт Мак фудбал Видео: Шпанија е сепак пресилна за нас!

Видео: Шпанија е сепак пресилна за нас!

Фудбалската репрезентација на Македонија го доживеа четвртиот пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија, овој пат од силната Шпанија со 4:0.

Шпанците го имаа поседот на топка, но Македонија ги имаше првите сериозни шанси за отворање на резултатот. Велковски во петтата минута од пет метри биеше со глава во Де Геа, а 14 минути подоцна по корнерот на Барди, Пандев од добра позиција биеше крај голот.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Во 35-та минута, некоордираноста на Велковски и Ристовски завриши со гол во мрежата на Димитриевски. Карвахал нафрли од десната страна, двајцата дефанзивци на Македонија тргнаа на топката, се судрија, а Велковски наместо да исфрли во поле ја затресе сосптвената мрежа.

Шпнаците предноста ја дуплираа во 63-та минута, кога Карвахал нафрли Жута заборави на Витоло, кој од три метри со глава го погоди голот.

Избраниците на Ангеловски се обидоа да ја префрлат топката на половината на Шпанците, но не покажаа голема решителност па следеа нови два гола во финишот, преку Адуриз во 83-та и Монреал во 84-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Хаос во Гелзенкирхен: Се тепаа албански и српски навивачи! 🎥

Во Гелзенкирхен каде што вечерва треба репрезентацијата на Србија да игра против Англија с…