Дома Актуелно ВИДЕО Тренерот на Милан бесен поради потезите на своите играчи: Не знам што им се случи

ВИДЕО Тренерот на Милан бесен поради потезите на своите играчи: Не знам што им се случи

Фиорентина во седмото коло од Серија А на домашен терен го победи Милан со 2:1.

Стрелци за тимот од Фиренца беа Јакине Адли во 35. минута и Алберт Гудмундсон во 73. минута, а за гостите Кристијан Пулишиќ во 60. минута.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Натпреварот го одбележаа дури три промашени удари од белата точка.

Голманот на Милан му го одбрани пеналот на Мојс Кин во 22. минута, додека Шпанецот Давид де Геа ги запре Тео Ернандез во судиското надополнување во првото полувреме, и Тами Абрахам во 56. минута.

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека беше бесен на своите играчи, кои одлучија Ернандез и Абрахам да шутираат од белата точка наместо Пулишиќ, кој вообичаено изведува удари од белата точка.

„Секако дека сум бесен што го сменија изведувачот, Пулишиќ треба да го изведе пеналот. Им кажав на играчите дека тоа никогаш повеќе не треба да се повтори, не знам што им се случи“, изјави Фонсека, кој ја презеде оваа функција од Милан летово и на девет натпревари запиша три победи, две нерешени и четири порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

ВИДЕО Погледнете ја мајсторијата на Чалханоглу против Црвена Звезда

Интер ја победи Црвена Звезда со 4:0 во Милано во натпреварот од второто коло во Лигата на…