Дома Луд Спорт Видео: Страотен пад на ски-скокач, леташе 100 метри и падна на глава

Видео: Страотен пад на ски-скокач, леташе 100 метри и падна на глава

На Светскиот куп во ски-скокови што се одржа во Висла, освојувачот на бронзен медал од Светското првенство во 2017 година, Пјотр Зила, имаше стравотен пад при доскокот, но за среќа мина без посериозни повреди.

Зила при доскокот ја изгуби рамнотежата и почна неконтролирано да лизга, падна на глава, а гледачите беа во шок кога го видоа неговото крваво лице.

Со помош на медицинските лице беше однесен до соблекувална. Таму беше откриено дека претрпел исекотина на усните и веѓите, па бил испратен во болницата за подетални прегледи.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, лекарите утврдиле дека чудо е што избегнал тешки последици, па го пуштиле на домашно лекување.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

ЛШ последно коло: На кој што му треба денес?

Вечерва се играат натпреварите од последното 6. коло во Лигата на шампионите во групите од…