Дома Македонски спорт Мак фудбал Видео: Снимател физички нападнат во Чаир – Шкупи би можел да се соочи со суспензија

Видео: Снимател физички нападнат во Чаир – Шкупи би можел да се соочи со суспензија

Фудбалот кај нас не е на потребното ниво веќе подолго време и тоа е јасно, но по вчерашниот инцидент во кој физички беше нападнат снимател се поставува прашањето и за безбедноста на стадионите

Во текот на вчерашниот ден беше одиган натпреварот помеѓу Шкупи и Силекс во рамките од 32 коло првата фудбалска лига во Македонија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во инцидентот бил физички нападнат и повреден снимател кој го реализирал преносот за вебсајтот на ФФМ.

Причината за нападот на снимателот како што се наведува е тоа што истиот продолжил да снима во моментите кога ситуацијата на теренот станала тензична. Целиот случај бил пријавен во полиција, а се очекува и реакција од дисциплинската комисија на ФФМ.

Очекувањата се Шкупи до крајот на првенство да игра пред празни трибини или пак натпреварите на домашен терен да ги игра на друг стадион.

Видеото е превзмено од редакцијата на: „ТВ 24“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…