Дома Фудбал Останато Видео: Се повредија Нејмар и Маркињос, но погледнете го и овој „хорор“ старт над Дани Алвеш

Видео: Се повредија Нејмар и Маркињос, но погледнете го и овој „хорор“ старт над Дани Алвеш

Дани Алвеш навистина имаше среќа во последниот натпревар на својот тим.

Убедливата победа над најголемиот ривал можеше скапо да ги чини „светците“. Сигурно знаете дека Нејмар поради повреда мораше порано да го заврши натпреварот и можеби ќе го пропушти реваншот против Реал Мадрид. Повеќе ТУКА.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Од Париз денес пристигна информација и дека Маркињос е под знак прашалник. Повеќе ТУКА.

Покрај споменатите двајца, Пари Сен Жермен на оваа средба многу лесно можеше да остане и без Дани Алвеш.

При еден борба за топка со Лукас Оскампос, Бразилецот прв стигна до топката, а Аргентинецот потоа го нагази Алвеш и можеше многу сериозно да го повреди.

Доколку не беше костобранот кој знае како сето ова можеше да заврши…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …