Oбвинителството во Барселона претходно побара деветгодишна затворска казна за Дани Алвеш, а сега е закажан и датумот на судењето. Судењето на поранешниот бразилски репрезентативец кој е обвинет за сексуален напад ќе се одржи од 5-ти до 7-ми февруари наредната година соопшти судот во Барселона, пренесува „Би-Би-Си“. Алвеш беше обвинет од 23-годишна девојка која тврдеше дека кон крајот на декември минатата …