Пари Сен Жермен би можел да се соочи со големи проблеми во реваншот од 1/8 финалето против Реал Мадрид.
Повредата на Нејмар е тема број еден во Париз во победата на ПСЖ над Олимпик Марсеј. Бразилецот на 15 минути пред крајот на средбата доживеа повреда на зглобот, а денес се појавија нови информации и јасно е дека во францускиот клуб стравуваат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, тоа не е се денес се појавија и информации дека и Маркињос е потешко повреден.
Бразилскиот дефанзивец почуствувал болка во листот и наводно неговата повреда е уште посериозна од онаа на Нејмар.
Маркињос е столб на одбраната, Унаи Емери има поголема доверба во него отколку во Тиаго Силва. Силва Емери го ротира со Кимбампе.
Повредата на Маркињос во однос на првиот натпревар би можела да значи дека Тиаго Силва се враќа во стартниот состав.
До реваншот со Реал Мадрид остануваат уште само осум дена и јасно е во Париз ќе бидат во трка со времето.