Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах со денешниот гол против Брајтон испиша историја во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Салах во 26-та минута постигна погодок за 1:0, а тоа беше неговиот 32-ри гол оваа сезона во Премиер лигата.
Со тоа Египќанецот стана фудбалер со најмногу постигнати гола во една сезона во историјата на Премиер лигата.
Ѕвездата на Ливерпул ги претекна Алан Ширер, Луис Суарез и Кристиано Роналдо кои сезоната ја завршуваа со 31 постигнат гол.