На стадионот на фудбалскиот клуб Шангај Шенхуа, од засега непознати причини, избувна пожар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шангај Шенхуа е еден од најбогатите кинески, но и веројатно најмалерозниот клуб во светот. Екипата која го направи Карлос Тевез најплатен фудбалер во историјата и чии дрес го носат Обафеми Мартинс и Фреди Гуарин, а на клупата седи Густаво Појет и која неодамна испадна од азиската Лига на шампиони, ја задеси нов малер.
Имено, денес избувна пожар на една од трибините на стадионот. Надлежните соопштија дека не се познати причините за избувнувањето на пожарот.