Дома Фудбал ВИДЕО Ова се головите за кои утрово зборува целиот фудбалски свет

ВИДЕО Ова се головите за кои утрово зборува целиот фудбалски свет

Хитот на шпанскиот фудбалски шампионат Џирона продолжува да импресионира.

Џирона ја шокираше Барселона на гости и со победа од 4:2 се врати на врвот во Ла Лига со два бода повеќе од второпласираниот Реал кој има 39 бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барса и Атлетико ја делат третата позиција со 34 бодови. Џирона поведе во 12. минута со голот на Артем Довбик.

Роберт Левандовски израмни седум минути подоцна. За 2:1 за Џирона погоди Мигел Гутиерез во 40. минута, а за 3:1 и потврда на победата на сензацијата во Ла Лига погоди Валери на десет минути пред крајот.

Илкај Гундоган во 92. минута само за момент успеа да го ублажи поразот на Каталонците, а за сензационални 4:2 за Жирона во 95. погоди Кристијан Стуани. За овие голови денеска зборува целиот фудбалски свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…