Дома Фудбал Останато ВИДЕО: На иницијатива на Марсеј Марио Балотели ја пееше химната на Франција

ВИДЕО: На иницијатива на Марсеј Марио Балотели ја пееше химната на Франција

Италијанскиот напаѓач, Марио Балотели во јануарскиот трансфер период ја напушти Ница и кариерата ја продолжи во дресот на Марсеј.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели играше одлично во дресот на Ница во претходните две сезони, но на почетокот на оваа сезона поради конфликтот со Патрик Виера не се наигра. Италијанскиот напаѓач едвај чекаше да дојде јануари и да го напушти клубот, но остана во Франција, бидејќи потпиша за Марсеј.

Овој 28-годишен напаѓач добро ја започна својата авантура во Марсеј, бидејќи постигна гол на своето деби и покажа дека ќе биде големо засилување за клубот. Исто така, Балотели многу добро се вклопи во новиот тим и соиграчите го пречекаа со отворени раце.

На интернет се појави и видео од неговата иницијација, бидејќи мораше да пее песна пред своите нови соиграчи. Интересно дека на крајот ја одбра химната на Франција, па легендарната химна на Франција „ечеше“ во просториите на Марсеј.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Toлку беше: Легендарниот Ешли Кол по осум натпревари ја заврши епизодата во Италија!

Легендарниот лев бек се раздели со Чезена. Многумина беа изненадени кога Ешли Кол ја презе…