БАТЕ Борисов го направи најголемото изненадување во првите мечеви од 16-финалето во Лига Европа и на својот стадион славеше против фаворизираниот Арсенал.
Арсенал излезе со силен состав и од самиот старт создаде неколку шанси преку Лаказет и Михтарјан, но потоа стигна казната. Во 45-та минута Станислав Драгун го совлада Петр Чех, што на крајот се испостави како конечен резултат (1:0).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во второто полуврема Арсенал со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, а на крајот остана и со играч помалку откако беше исклучен Лаказет.
Интер без Икарди победи на гостувањето во Виена, а одлучувчкиот гол го постигна Лаутаро Мартинез од пенал во првото полувреме.
Голема победа оствари и Севиља на гостувањето кај Лацио. Гостите од Шпанија славеа со голот на Бен Једер и со едната нога се во следната фаза.
Најефикасниот меч се одигра во Франција каде Рен и Бетис одиграа 3:3, а ефикасно беше во Атина каде Олимпијакос и Динамо Киев одиграа 2:2.
Без голови завршија натпреварите Славија Прага – Генк и Краснодар – Баер Леверкузен, додека Бефика победи на гостувањето кај Галатасарај со 1:2