„Сапуницата“ околу Интер и Мауро Икарди се уште трае, а синоќа видовме нова епизода.
Сопругата на Икарди секоја недела е редовен гостин во една телевизиска емисија посветена на Серија А, „Тика-така“, каде синоќа меѓу другите гости беше и Антонио Касано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој пат мета на Ванда и беше Иван Перишиќ, кој со еден гест на натпреварот покажа дека има проблем со Мауро Икарди.
„Во фудбалот се случуваат неправди како што беше пеналот против Интер, како што е однесувањето на Перишиќ или како одлуката Икарди да остане дома. Некој кој даваше се за овој клуб сега се прикажува како монструм, што нема врска со вистината“, истакна Ванда.
Во целата расправа се впушти Антонио Касано, кој го советуваше Икарди да оди во соблекувалната и да ја смири ситуацијата.
„Икарди да оди во соблекувалната за да ја смири ситуацијата? Доста со тие глупости. Па видете го потегот на Перишиќ, тој со тоа не придонесува да се смири ситуацијата, туку напротив“, додаде сопругата на Икарди.
„Во гестот на Перишиќ не гледам ништо лошо. Меѓутоа јасно е дека Икарди има проблем со „југословените“. Тоа е огчигледно и мислам дека мора да се реши што побрзо за доброто на тимот. Јасно е дека Интер без Икарди има проблем на теренот, а твојот сопруг може да остане надвор од тимот до јуни. Наместо тоа, најдобро е да си пуштат рака и да се реши проблемот. Нека си пуштат рака до јуни за доброто на Интер, а после секој на своја страна“, и се обрати Касано на Ванда.
Per chi si fosse perso il battibecco tra Cassano e Wandita… ? pic.twitter.com/IsM7AJuVbh
— dondiego (@dondiegotheone) February 24, 2019