Дома Луд Спорт Видео: Еден од преживеаните фудбалери застана на нозе!

Видео: Еден од преживеаните фудбалери застана на нозе!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Деветнаесет фудбалери на Шапекоенсе и уште 52 други патници и членови на екипажот загинаа во уривањето на авион на боливиската авиокомпанија Ламиа во Колумбија минатата недела.

Трагедијата ја преживеаа тројца фудбалери на Шапекоенсе, а Рушел е првиот од преживенаите кој и се обрати на јавноста.

Рушел се наоѓа на клиниката во Рионегра каде се опоравува од повеќекратни скршеници, но според лекарите тој секојдневно напредува.

„Поздрав до сите мои пријатели од Бразил и од целиот свет кои беа загрижени за мене. Јас сум Алан Рушел и сакам да откријам дека моето заздравување се одвива многу добро и се надевам дека набрзо ќе се вратам во Бразил, каде ќе ја комплетирам рехабилитацијата. Сакам да ви се заблагодарам на сите за силата која ми ја дадовте и љубовта која ја покажавте. Можам само да му се заблагодарам на цел свет“, вели преживеаниот Рушел.

Првично на базилскиот дефанзивец му се закануваше најцрната прогноза, да остане инвалид до крајот на животот, но сепак само после неколку дена тој застана на нозе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Трагедија: Се преврте автобус полн со млади фудбалери, има загинати🎥

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалскиот клуб Вил…