Тео Волкот е нов светски рекордер. Ѕвездата на Арсенал го собори Гинисовиот рекорд во контрола на топката кој го држеше фристајлерот Џон Фарнворд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Волкот учествуваше во предизвик и се натпреваруваше со соиграчите Кошчелни, Кокелан и Начо Монреал. Нивната задача беше да ја исконтролираат топкада од височина, а Волкот успеа да ја исконтролира топката која слета од висина на 34 метри.
Со тоа Англичанецот го собори светскиот рекорд за цели 2 метри и влезе во Гинисовата книга на рекорди.