Екипата на Баерн Минхен вечерва запиша убедлива победа од 0:3 на гостински терен против Шалке во рамките од петото коло во германската Бундеслига.
Баварците до водство стигнаа во 25 минута кога повторно на дело стапи видео технологијата, прво беше досуден корнер, а потоа пенал за гигантот од Минхен. Сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Роберт Левандовски. Само четири минути подоцна Џејмс Родригез го постигна својот првенец во дресот на Баерн, за веќе сигурни 0:2, резултат со кој се замина на полувремето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот дел домаќините малку како да ја подобрија играта, но сепак Баерн беше тимот кој во поголемиот дел од натпреварот го имаше поседот на топката, а и со самото тоа и контролата на случувањата на теренот. За убедливи 0:3 се погрижи Артуро Видал во 75 минута од средбата, во следното коло екипата на Баерн ја очекува натпревар на домашен терен против Шалке.
Во останатите два натпревари кои се одиграа во ист термин, Волфдбург и Вердер одиграа 1:1, додека Аугусбург го совлада Лајпциг, минимално со 1:0. Нешто порано во терминот од 18:30, Борусија Менхенгладбах запиша победа од 2:0 против тимот на Штудгарт.