Дома Фудбал Останато Вертонген посетил невролог, познати првите информации за неговата состојба

Вертонген посетил невролог, познати првите информации за неговата состојба

Белгискиот фудбалер, Јан Вертонген доживеа многу непријатна повреда во текот на првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс.

Тотенхем тој натпревар го изгуби со 1:0 на домашен терен, а Вертонген го напушти натпреварот после судирот со глава со соиграчот Тоби Алдервилд.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Додека излегуваше од теренот стана јасно дека Белгиецот не може да стои на нозе без помош на медицинскиот тим и многумина помислија дека станува збор за потрес на мозок, но за среќа не е така.

Откако вчера посети невролог, соопштено е дека повредата нема да остави поголеми последици. Како што заклучил неврологот до потрес на мозок не дошол, а клубот соопшти дека Вертонген претпрел повреда на носат после што дошло до големо крварење.

Инаку, неврологот на фудбалерот му препорачал да мирува пред да се врати на тренинзите и сега не е познато дали ќе биде спремен за реваншот против Ајакс кој се игра во среда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Сити го избрал новиот спортски директор!

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Тики Бегиристајн го напушта Манчестер Сити п…