Дома Актуелно Вдовицата на Михајловиќ: Знаевме кога ќе умре, но не му кажавме

Вдовицата на Михајловиќ: Знаевме кога ќе умре, но не му кажавме

СИНИША МИХАЈЛОВИЌ почина на 16 декември 2022 година на 54-годишна возраст од леукемија, со која се бореше со години.

Во 2019 година Михајловиќ дознал дека е тешко болен. Мораше да ја прекине кариерата и да започне со лекување.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Pочина во болница во Рим, опкружен со своите најблиски. Михајловиќ имаше три сина и две ќерки со Италијанката Аријана.

Таа за италијанските медиуми изјавила дека и децата знаеле кога ќе умре Синиша, односно дека ситуацијата во последниот месец од неговиот живот била таква што не можел да закрепне. Но, тие не сакале да му кажат на Синиша, поради што и денес им е тешко на неговите деца: „Заедно решивме да не му кажеме ништо на Синиша“.

“Тоа беше голем шок за сите нас бидејќи знаевме дека наскоро ќе умре и не знаеше ништо за тоа. Беше многу болно да се преправате дека ништо не се случува, и за мене и за децата.

Тие уште зборуваат за тоа. Тоа беше убава и голема љубов. Имав чест и привилегија да поминам 27 години со таква прекрасна личност. Сакам да им кажам на моите деца дека многу ги сакам и дека тие се мојата сила. Да не беа тие, немаше да можам да продолжам“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…