Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар чека услуга: Ќе го расипе ли Алкалоид шампионското славје во Битола?

Вардар чека услуга: Ќе го расипе ли Алкалоид шампионското славје во Битола?

Финалето во Лигата на шампионите денеска е во центарот на вниманието, но денеска се решава и титулата во македонското ракометно првенство и тоа во последното коло.

Еурофарм Пелистер во последното коло влегува како лидер на табелата, меѓутоа за шампионската титула не смее да загуби од Алкалоид.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На избраниците на Бранислав Ангеловски потребна им е победа или реми за титула, додека Вардар чека помош од Алкалоид и со победа против Бутел би ја вратиле шампионската круна.

Двата натпревари се играат од 18:00 часот, па ќе биде интересно да се проследи како ќе поминат натпреварите.

Ќе потсетиме, неодамна Алкалоид го победи Еурофарм Пелистер во финалето од Купот на Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер по оставката на Ангеловски го врати Шундовски

Eкипата на Еурофарм Пелистер потврди дека ја прифаќа оставката на тренерот Бранислав Ангел…