Македонскиот ракометен шампион Вардар, стартуваше со пораз во новата сезона од Лигата на шампионите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраниците на тренерот Стевче Алушовски, во крајно неизвесен натпревар, беа поразени од Мешков Брест со 24:22.
Првото полувреме мина во знакот на домаќините и заврши со резултат 12:10. „Црвено-црните“ успеаја да се вратат од два гола негатива по првото полувреме, за во драматичен финиш да имаат предност од гол на четири минути пред крајот.
Меѓутоа потоа следуваше серија од 3:0 на домаќините за конечна победа од два разлика.
Најефикасен во тимот на Вардар беше Марко Вујин со шест гола, а поддршка му беше Дисингер кој натпреварот го заврши со четири гола.