Ракометарите на Вардар со голема победа над Елверум (39-30) ја завршија групната фаза во Лигата на шампиони.
Без разлика што се знаеше дека и пред овој меч Вардар има обезбедено осминафинале, сепак „црвено-црните“ одиграа одлично.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардарци до победата дојдоа со одлична игра во второто полувреме, а првото полувреме го завршија со еден гол предност (17:16).
Тимур Дибиров заврши со 7 гола, Оливие Њокас имаше 6, а неговиот брат Кевин 5 гола, додека Ерик Јохансен беше најефикасен за Елверум со осум гола.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961