Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот штаб за следните сезони, а како дел на таа заложба тимот ангажираше нов ракометар.

Томче Стојановски (25) е дете на Вардар кој после седум години повторно се враќа во својот матичен клуб каде ги почна ракометните чекори и ги мина сите младински категории.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Стојановски игра на бековска позиција и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Лани беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“ каде гласаа читатеи, новинари и тренерите од Супер лигата.

Откако ги мина младинските категории, под водство на Зоран Петковски и на Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар. Но, стигна покана од тимот на Бутел кој тогаш почна да се натпреварува и со овој скопски клуб ги постигна најголемите успеси, меѓу кои и играње во европските купови.

Вардар со Стојановски добива засилување во одбраната, но секако и подолга клупа за нападот. „Црвено-црните“ го задржаа костурот на тимот и со новите засилувања повторно подготвуваат конкурентен тим за домашното првенство и за настапот во европскит екупови.

„Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи, вели Томче Стојановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…