Вардар денес ја освои шампионската титула во македонската Суперлига 14. пат од нашето осамостојување.
Денес беше потврдено она што се реши на дербито во Битола на 20. мај, Вардар во последното коло запиша убедлива победа над Металург. Ривалот од Автокоманда Вардар го реши само после едно полувреме, второто беше само форалност. Конечниот резултат на крајот гласеше 39:27.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Металург парираше 15-тина минути, на момент водеше и со 9:8 за потоа Вардар да направи неверојатна серија од 13:0. На пауза Вардар замина со 21:10.
Треба да се спомене дека Металург беше ослабен со неиграњето на Златко Хорват кој добил хематом на десното колено.
Сега може и да се потврди дека наредната сезона Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, Е.Пелистер во Европската лига (можат да побараат вајлд карта за ЛШ), Пролет и Металург ќе бидат дел од квалификациите за ЕЛ.