Дома Македонски спорт Мак ракомет „Вардар има нешто кое не… жива сила“!

„Вардар има нешто кое не… жива сила“!

1

Тимот на Вардар вчера однесе убедлива победа на гостински терен во натпреварот против ППД Загреб (18:27) и сега црвено-црните се на чекор од пласман во четвртфиналето.

Работата не е завршена и тоа е јасно, мора максимално да се одигра и натпреварот во Скопје кога ќе гостува хрватскиот тим, но реално гледано неверојатно изгледа ваков Вардар да изгуби со 10 гола разлика од Загреб.

Големата победа на Вардар во Хрватска е една од главните теми низ медиумите специализирани за ракомет на Балканот. Новинарот Жика Богдановиќ на популарниот, а веројатно и најпознатиот сајт на овие простори за ракомет „Балкан Хендбол“ напиша колумна за Вардар под наслов „карактер на победникот“ каде што објаснува дека Вардар секогаш имал нешто повеќе од само играчки квалитет.

„Дека Вардар беше апсолутен фаворит во двомечот со Загреб беше јасно и за тоа не требааа посебни колумни, за тоа како ќе одиграат требаше да почекаме да видиме. Имаа навивачите на македонскиот шампион што да видат. Го видоа Даинис Криштопанс, играч кој како да подзастана во индивидуалниот развој. Го видоа Дејан Милосављев во својата прв сезона како некој од кој противниците се плашат кога ќе излезат очи во очи. Не знам што може да се случи за десет години не ја сумираме неговата кариера – пат до голман од светска класа. Дисингер повторно наликува на оној вистински играч…“.


Следете го Sportski.mk и на


„Самодовербата на освојувачот на ЕХФ Лигата на шампионите од 2017 година не исчезна, уште е тука, таа е посебен квалитет и ја имаат само неколку тимови во Европа, а сето тоа нема врска со квалитетот, бидејќи некои тимови повеќе играчки моќни од Вардар се уште го бараат. Вардар има нешто кое не…жива сила, без разлика кој е на другата страна. Без тоа не би се случила ниту 2017 година. Без тоа е невозможно да се направи резултат во спортот“, стои помеѓу другото во колумната на Богдановиќ.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Ријад Марез го напушта Сити и се сели во Италија

Фантастичниот алжирски фудбалер после четири ипол години го напушти Лестер за 70 милиони е…