Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар играше топло-ладно и на крајот се сруши против Кил!

Вардар играше топло-ладно и на крајот се сруши против Кил!

Денес Вардар го игра натпреварот против Кил во рамките од Лигата на шампионите.

Кил со оглед на проблемите кои ги имаше Вардар во првиот дел од сезоната влезе како фаворит во овој натпревар. На стартот се играше изедначено, меѓутоа така беше се до резултат 3:3.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тогаш Кил не започна да игра нешто посебно, туку Вардар влезе во еден црн период во кој беше повеќе од пет минути во реализација. Во 15. минута Кил стигна до тогаш највисоки +5 (10:5).

Потоа Вардар успеа со два брзи гола да намали на 10:7, меѓутоа на ист начин возврати и германскиот, па стигнаа и до плус шест (13:7).

Голема шанса Вардар целосно да се врати во резултатска неизвесност имаше кога при резултат 15:10 во 23. минтуа Дибиров и Чупиќ промашија два зицери. За среќа во тој период на голот на Вардар беше одличниот Гедбан, па Вардар успеа во наредните два напади да стигне до 15:12. По неколку промашени напади Кил и во следниот беше на раб на пасивен напад, но сепак Германците реализираа за 16:12.

Со гол во последната секунда на Зарабец Кил на полувремето замина со предност од 18:14.

Вардар одлично го започна второто полувреме. Кил беше четири минути без гол и ние стигнавме на два гола негатива 18:16. Меѓутоа следуваа два брзи гола на Кил за повторно +4 (20:16).

Вардар навистина изгледаше добро во одбрана, успеаа црвено-црните да ги запрат налетите на Кил. Ако Дибиров беше по сконцентриран во зицерите против Ландин Вардар во овој период можеше и да изедначи меѓутоа на истекот на 40. минута македонскиот и европски шампион имаше -3 (20:17).

Кил го реализираше нападот за 21:17, а потоа Дибиров повторно промаши, тоа беше негово шесто промашување во низа на овој натпревар, а Кил тоа го искористи за 22:17.

Тие промашувања како да го откажаа Вардар па Кил во 17.минута од второто полувреме стигна до високи +7 (26:19). Алушовски Дибиров во игра го врати во 49.минута, Русинот како да ја „олади“ главата па од тој момент во наредните три минути имаше три од три за Вардар да стигне на 27:22.

По трите гола на Вардар следуваа нови три на Кил за плус осум (30:22) и тука веќе беше јасно дека Вардар и покрај тоа што прикажа подобра игра во однос на првиот дел сепак ќе се врати со пораз.

На крајот Кил однесе нова убедлива против Вардар со 34:23.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…