Женскиот ракометен клуб Вардар од денеска има засилување во стручниот штаб. Нов асистент на тренерот Ирина Дибирова во иднина ќе биде Роберто Гарсија Парондо, кој ќе биде на клупата заедно со Аце Станковски.
Парондо е актуелен помошник на Раул Гонзалез во машката сениорска репрезентација на Македонија и поранешен ракометар на Сиудад Реал. Тој настапуваше за унгарскиот клуб Будакалаш, а претходно за Пик Сегед. Тој е третиот шпански тренер во Вардар по Раул Гонзалез и Давид Дејвис Камара.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Вардар се подготвува за настап во групната фаза од Лигата на шампионите што почнува во октомври. Првите натпревари за Парондо на клупата на Вардар ќе бидат на турнирот од регионалната ВРХЛ-лига следната недела во Подгорица.