Човекот кој неодамна стави крај на фудбалската кариера, Рафаел Ван Дер Варт одлучи за медиумите да ја отвори душатаи да открие некои детали од својата кариера.
За почеток тој откри дека како дете живеел во камп приколка, но не затоа што родителите му биле сиромашни, туку затоа што неговите родители сакале возбудлив начин на живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Растев во камп приколка и тоа за мене е најнормален живот. Имав прекрасно детство. Луѓето таквиот начин го поврзуваат со сиромаштија, но не е така. Моите родители повеќе не живеат во приколка бидејќи им купив куќа кога го потпишав првиот договор со Ајакс“, откри Ван Дер Варт кој потоа зборуваше и за односот со Златан Ибрахимовиќ со кој ја делеше соблекувалната во Ајакс.
Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Тотенхем порача дека со Златан никогаш немал добар однос, како и дека во една прилика добил закана од Швеѓанецот дека ќе му ги скрши нозете.
„Да, вистина е. Во една ситуација ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете. Но, Златан тоа им го кажуваше на сите. Вистина е дека не се сложувавме, но јас попрво би работел со искрени играчи каков што е тој, па дури и ако тоа значи дека имаме и конфликти. Немаше некој посебен момент да сум имал судир со него, но едноставно не се сложувавме“, изјави пензионираниот Холанѓанец.