Дома Фудбал Останато Ван Дајк пред церемонијата: Вечерва нема да има победници и губитници!

Ван Дајк пред церемонијата: Вечерва нема да има победници и губитници!

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека веќе се чувствува како победник само затоа што е номиниран за „Златната топка“.

Ван Дајк се очекува да остане на второто место во пласманот за престижната индивидуална награда позади Лео Меси, но уверува дека нема да се чувствува разочаран поради тоа.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Ќе отидам да видам за што се работи. Има причина за мене да бидам таму, а вечерва нема да има губитници. Јас сум многу горд што сум во оваа група. Јас сум таму заради начинот на кој играв со Ливерпул и репрезентацијата во текот на минатата година. Ова е нешто, со кое треба да се гордеам затоа што нема многу играчи на оваа церемонија. Ќе има победник, но нема да има губитници. Ќе видиме што се случува“, рече Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…