Саутемптон не сака да го продаде, но дури ниту да му покаже почит додека не се извини.
Вирџил ван Дајк и натаму е на тенок лед, само девет дена пред истекот на преодниот рок.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Тој пред еден месец изнесе соопштение во кое отворено побара од клубот да го продаде и да прифати некоја од бројните понуди, но од тогаш е потполно отфрлен.
Саутемптон истакна дека не сака да го продаде, но нема да го пушти да биде дел од првиот тим.
Сега падна на најнизок ранг бидејќи не тренира ниту со резервниот тим, туку со младинците односно У-18 екипата.
За потсетување, Ван Дајк беше поврзуван со Челси и Ливерпул, но се уште е далеку од било каков договор. Саутемптон не сака да го пушти бидејќи почетната цена за него изнесува 70 милиони.