Дома Фудбал Италија Буфот откри зошто го одбил повикот од Манчини да се врати во репрезентацијата

Буфот откри зошто го одбил повикот од Манчини да се врати во репрезентацијата

Искусниот италијански голман Џиџи Буфон ова лето се врати во Јувентус откако една година помина во ПСЖ.

Буфон потпиша едногодишен договор со Старата дама во кој стои клазула дека мора да брани најмалку на осум натпревари во Серија А со што ќе стане играчот со најмногу настапи во историјата на италијанската лига.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Иако за неколку месеци ќе го прослави својот 42. роденден овој легендарен голман призна дека се уште не размислува за пензија.

„Јувентус е единствениот тим во кој би прифатил да бидам резерва и затоа се вратив. Среќен сум тука бидејќи ова е мојот дом. Се уште не размислувам за крај на кариерата и ќе видиме што ќе се случи.“ изјави Буфон.

Неодамна, селекторот на Италија, Манчини порача дека сака да го повика Буфон во репрезентацијата за да се опрости на убав начин, но тој тоа го одбил.

„Му благодарам на Манчини, тој е одличен човек. Сепак, тоа би го прифатил во моментот кога ќе одлучам да ја завршам својата кариера, а до таква одлука се уште немам дојдено.“ – порача легендарниот Џиџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фердинанд во солзи откри потресна причина зошто не зборувал за борбата на својата сопруга со ракот

Рио Фердинанд се присети на тешките моменти од 2015 година кога ја загуби својата сопруга …