Дома Топ вести Бурата во Каталонија не се стишува: Меси чека докази од Бартомеу!

Бурата во Каталонија не се стишува: Меси чека докази од Бартомеу!

Меси повторно јавно покажува незадоволство во Барселона.

Хозе Марија Бартомеу се обидува да се „исчисти“, иако навивачите не му вервуаат премногу. Впечаток е дека и фудбалерите на Барселона не се баш сигурни во тврди претседателот, сепак прифатиле состанок на кој Бартомеу се обидел да им објасни дека нема ништо со скандалот за кој се пишуваше во последните два дена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ќе потсетиме, медиумите објавија дека Бартомеу плаќал агенција за да пишува лошо за Гвардиола, Меси, Чави, Пике...Со цел да се исчисти себеси.

На состанокот присуствувале Меси, Бускетс, Пике и Сержи Роберто, како и тренерот Кике Сетиен. Тие го слушале излагањето на првиот човек кој се правдал дека ја ангажирал агенцијата „3 Ventures“, меѓутоа не за да ги „оцрни“ првотимците, туку за да следи што се пишува за клубот по друштвените мрежи.

Убедувањето на Бартомеу не било баш убедливо, а тоа може да се заклучи и од изјавата на Меси.

„Овој случај ме изненади. Не бев во Барселона кога сето тоа се случувало. Бев на пат. Кога се вратив сфатив за што се работи. Претседателот на состанокот ни го кажа она што го кажа во јавноста, ги повтори зборовите од конференцијата за медиуми. Не можам да кажам што точно се случуваше, освен дека се што кажа јавно, кажа и на состанокот со капитените“.

Меси ретко дава интервјуа, води мирен, семеен живот, но сега е свесен дека е нападнат и тој и целата екипа, па го притисна газдата.

„Навистина ме чуди се што се случи. Претседателот кажа дека ќе достави докази дека тоа не го правел. Мораме да почекаме, да видиме дали е вистина или не. Не можам да кажам ништо повеќе. Ни преостанува да чекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…