Дома Останати Кошарка НБА Бруклин продолжува да реди победи, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер 🎥

Бруклин продолжува да реди победи, дабл-дабл на Јокиќ во поразот на Денвер 🎥

Бруклин Нетс кој оваа сезона доведе неколку звезди изгледа се подобро и подобро. Во изминатата ноќ тие го запишаа шестиот триумф во низа.

Нетси на гости го победија ЛА Клиперси со 108:112. Гостите беа подобри во текот на целиот натпревар, но си дозволија драматичен финиш кој беше решен со дискутабилна судиска одлука.
Каваи Ленард поентираше за 110:110, но судиите досудија фаул во напад над Џејмс Харден кој потоа беше сигурен од линијата за слободни фрлања. Харден ги водеше Нетси со 37 поени и 11 скокови, а кај домаќините се издвојуваа Пол Џорџ со 34 поени и Ленард со 29 поени и 13 скокови.

Одлична вечер зад себе имаше и Јанис Антетокумпо кој постигна 38 поени и додаде 18 скокови во победата на Милвоки над Сакраменто.
Минесота останаа без тренер после поразот од Њујорк Никси 103:99. Минесота е тимот со најлош скор во лигата (7:24), па затоа отказот и не е некое изненадување.

Никола Јокиќ одигра скромен натпревар во однос на она што не навикна оваа сезона. Српскиот кошаркар во поразот на Денвер од Атланта (123:115) постигна 15 поени, подели 10 асистенции и додаде 6 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Оклахома 101:117, Њујорк Никси – Минесота 103:99, Орландо – Детроит 105:96, Торонто – Филаделфија 110:103, Атланта – Денвер 123:115, Клиперси – Бруклин 108:112, Милвоки – Сакраменто 128:115.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Фото: Шкендија на плоштадот во Тетово ја прослави титулата заедно со своите навивачи 📸

Вчера беше весело во Тетово, Шкендија ја славеше шампионската титула на градскиот плоштад …