Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се раздели со Ал-Сафа од Саудиска Арабија.
Според последните најави тој ќе биде нов тренер на еден од најдобрите катарските тимови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за тимот на Ал-Араби. Овој тим во изминатата сезона беше вицешампион на земјата и сака да го доведе Брестовац заедно со неговиот асистент Лембанов.
Македонскиот тренер во изминатите години работи на Блискиот исток, а беше уште тренер во Шамбери, Ред Бојси од Луксмебург, додека во Македониај ги водеше Металург и Тиквеш.