Дома Останати Ракомет Ракометар на Вардар заработи суспензија на Европското првенство!

Ракометар на Вардар заработи суспензија на Европското првенство!

Репрезентативецот на Полска и ракометар на Вардар, Виктор Јанковски, заработи двомечна суспензија по директниот црвен картон што го доби на дуелот против Унгарија во првото коло од Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Инцидентот се случи во 34. минута од натпреварот, кога Јанковски беше исклучен поради груб и опасен старт врз противнички ракометар. Дисциплинската комисија го оцени прекршокот како исклучително невнимателен, поради што беше изречена казна од два натпревари неиграње.

Со тоа, ракометарот на Вардар ќе ги пропушти наредните два меча на полската селекција на континенталниот шампионат.

Полска доживеа убедлив пораз од Унгарија со 29-21, а во следното коло ја очекува клучен натпревар против Исланд, кој ќе има директно влијание врз пласманот во следната фаза. Во последното коло, Полјаците ќе се соочат со Италија, каде што влегуваат со епитет на голем фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонска голманка се откажа од ракометот на 20 години: Понекогаш не одлучуваат само квалитетот, работата и желбата…

Македонската ракометна голманка Матеа Чурлиновска, иако има само 20 години, преку емотивна…