Дома Фудбал Вардар доживеа дебакл на првата контролка во Турција – прими шест гола!

Вардар доживеа дебакл на првата контролка во Турција – прими шест гола!

Екипата на Вардар, која моментно ја држи лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, не најде ритам на првиот контролен натпревар за време на подготовките во Анталија. „Црвено-црните“ беа надиграни од чешкиот Јаблонец со убедливи 2-6.

Противникот уште во првото полувреме воспостави целосна контрола и замина на пауза со високи 4-0, а во продолжението ја зголеми предноста и до 6-0. Во финишот од средбата вардарци успеаја да реагираат и со два погодоци да го направат поразот поподнослив.

Стрелци за македонскиот шампион беа Ибрахим Олаосебикан и Диего Кастанеда.

Вардар продолжува со пријателските средби во Турција, а следниот тест го очекува на 20 јануари, кога за ривал ќе го има тимот на Андијон од Узбекистан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го ангажира младинскиот репрезентативец од градскиот ривал

Манчестер Јунајтед го ангажираше 17-годишниот Карим Касим од Манчестер Сити. Талентираниот…