
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна хет-трик против Анан во Купот на Шкотска и обезбеди осминафинале во натпреварувањето за Ренџерс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Миовски кажа дека екипата се подготвувала за овој меч како за сите останати, односно максимално професионално и со намера да победи.
„За секој напаѓач е важно да постигнува голови, а јас постигнав хет-трик и среќен сум. Не мислам само на тоа, мора да постигнувам уште многу голови, треба да продолжам со исто темпо. Овие натпревари знаат да бидат незгодни. Видовме што му се случи на Реал Мадрид во шпанскиот Куп“, кажа Миовски.