
Македонија доживеа пораз од 24-36 против Данска на почетокот на Европското првенство (ЕП), па сега фокусот на ракометарите е кон преостанатите два меча од првата фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Филип Кузмановски смета дека Данска била пресилна, па шансата за пласман во втората рунда ја гледа преку дуелите со Португалија и Романија.
„Треба да се подготвиме максимално, да ги сведеме грешките на минимум, но и да веруваме повеќе во себе и да одиграме без респект. Мислам дека кога ги анализираме сите натпревари, имаме многу грешки и промашени зицери, но со време, тоа го поправаме. За време на подготовките добро ги анализираме сите противници, Данска беше добар тест за она што не очекува со Португалија и верувам дека ќе биде многу подобро“, вели Кузмановски.