Дома Македонски спорт Мак ракомет Брестовац го соопшти конечниот список: Без искусните против Турција

Брестовац го соопшти конечниот список: Без искусните против Турција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Брестовац денес го соопшти конечниот список на ракометари за натпреварите со Турција и Грузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За пријателскиот натпревар со Турција повикани се 17 ракометари, а меѓу нив ги нема искусните Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.

Тие на тимот ќе му се приклучат по враќањето од Турција, и тие ќе играат на средбите со Грузија на 25 и 26 октомври во Скопје.

Првиот собир, селекторот Брестовац го закажа за во понеделник во 17 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …