Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница победи против Бачка Паланка за крај на подготовките во Златибор

Брегалница победи против Бачка Паланка за крај на подготовките во Златибор

Брегалница со победа ги заврши подготовките на Златибор, триумфирајќи против српскиот прволигаш Бачка Паланка со 2-1 на четвртиот тест дуел.

Одличниот почеток на натпреварот на „сините“ со погодок го круниса Мартин Стојанов уште во 13. минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во продолжението израмнета игра, со континуирана контрола на играта во средниот ред на составот на Марјан Секуловски кој ја дуплира предноста во 72. минута со голот на кадетскиот репрезентативец Љупче Кудев.

Противниците успеаја да намалат на 2-1 во 76. минута, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Брегалница денешниот натпревар го почна натпреварот во следниот состав: Денковски, Манев, Маневски, Азиновиќ, Мојсов, Бакрачески, Дујовски, Минчев, М. Стојанов, Додев и Ѓокиќ. Во второто полувреме шанса добија и останатите расположиви сили во составот на Марјан Секуловски.

Утре „сината експедиција“ се враќа во Македонија каде ќе биде реализирана последната фаза од подготовките пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…