Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиска анализа: Голот на Брегалница против Вардар бил исправно поништен

Судиска анализа: Голот на Брегалница против Вардар бил исправно поништен

Судиската комисија на ФФМ денес ја објави анализата за натпреварите кои се играа за изминатиот викенд, а една од ситуациите кои привлекоа внимание беше поништениот гол на Брегалница против Вардар.

Во финишот Брегалница постигна гол, но истиот беше поништен, а се покажа и дека таквата одлука на судискиот тим е исправна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот  ФК Гостивар – ФК Шкендија одигран на 01.10.2023 година, анализирана е ситуацијата од 23. минута.

Главен судија: Јован Качевски; Помошни судии: Разме Бакрачески и Мартин Дејаноски;

23. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа при резултат 1:0 за домашната екипа)

Играч на гостинската екипа додаде топка до свој соиграч во шеснаесетникот на домашната екипа, соиграчот ја прими топката, си ја додаде странично топката и потоа играч од домашната екипа со телото, од зад грб на играчот направи недозволен старт (туркање).

Исправна одлука на главниот судија, досуден пенал за гостинската екипа и доделен жолт картон за играчот на домаќините (спречување ветувачка акција) поради недозволен старт туркање со телото противнички играч од зад грб.

На натпреварот  ФК Брегалница – ФК Вардар одигран на 01.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 54. и 90+3 минута.

Главен судија: Стојан Трпчевски; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Дарко Јовчевски;

54. минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден слободен удар пред линијата на шеснаесетникот на гостинската екипа)

Играч на домашната екипа беше во посед на топка пред шеснаесетникот  на гостинската екипа, гостинскиот играч сакајќи да ја избие топката  направи недозволен старт (на ногата на противникот) пред самата линија од шеснаесетникот .

Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за домашната екипа поради недозволен старт на играч на гостите над противнички играч.

Главниот судија беше добро поставен, со јасна прегледност на ситуацијата и донесе одлична одлука досудувајќи слободен удар.

90+3 минута: ИСПРАВНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (поништен гол за домашната екипа поради офсајд позиција при резултат 0:0)

Центрирана топка во шеснаесетникот на гостинската екипа, голманот на гостите кратко ја одби топката која удри во телото на домашен играч и истата дојде до друг играч од екипата на домаќините, кој во моментот кога топката се одби од телото на неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна недозволена офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите)

Исправна одлука и одлична соработка на главниот судија со вториот помошен судија, голот беше исправно поништен поради офсајд позиција, бидејќи топката кога се одби од телото на играчот на домаќините, неговиот соиграч се наоѓаше во очигледна офсајд позиција (зад претпоследниот играч од одбраната на гостите).

Комплетната АНАЛИЗА можете да ја прочитате – ТУКА.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…