Дома Трансфер зона Брајтон не се шегува: Купи напаѓач од 40 милиони фунти

Брајтон не се шегува: Купи напаѓач од 40 милиони фунти

Од редовите на Брајтон ја активирале откупната клазула за напаѓачот на Лидс, Жоржињо Рутер за кого ќе платат сума од 40 милиони фунти.

Претходно Брајтон испрати две понуди до Рутер, една од 29 милиони фунти и една од 35, но од Лидс беа цврсто решени дека тој може да замине само ако некој ја плати откупната клазула.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


На крајот во Брајтон одлучиле да го исполнат условот и да го доведат во своите редови.

Преостанува уште само Рутер да договори одредени лични детали и се да биде официјализирано. Трансферот во Брајтон за Рутер ќе биде и шанса да игра во Премиер лигата со оглед на тоа дека Лидс се натпреварува во Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…