Дома Фудбал Останато Братот на Гризман сосема случајно ја откри новата дестинација на одличниот напаѓач

Братот на Гризман сосема случајно ја откри новата дестинација на одличниот напаѓач

Францускиот репрезентативец и напаѓачот на Атлетико, Антон Гризман минатото лето беше мета на многу клубови, особено Манчестер Јунајтед и Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, на крајот Французинот одлучи да остане во Атлетико Мадрид, првенствено затоа што клубот доби забрана за доведување на нови играчи. Меѓутоа, уште во јануари ќе пристигне одличниот Диего Коста, кој пристигнува од Челзи, па Гризман би можел да го напушти Мадрид.

Изгледа дека силните шпекулации вчера ги засили и неговиот брат, Тео Гризман кој се огласи на Твитер, а само неколку минути по тоа ја избриша фотографијата.

Имено, Тео постави фотографија на „Олд Трафорд“ и така најверојатно го најави следниот потег на својот брат. А Мурињо токму тоа и го чека…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид му нуди 23-годишен играч за врска на Манчестер Сити

Фокусот на Реал Мадрид целосно се пренасочи кон заминувања во последниве недели и клубот р…