Дома Фудбал Останато Бразилски фудбалер од Израел објави фотографија од неговито срушен дом: Чудо е што сум жив, ве молам престанете! 📸

Бразилски фудбалер од Израел објави фотографија од неговито срушен дом: Чудо е што сум жив, ве молам престанете! 📸

Бразилскиот фудбалер Хигор Видал е играч на Макаби од Израел, а по ракетниот напад тој остана без својот дом.

Конфликтот помеѓу Израел и Палестина стана мала војна во која до сега загинаа голем број луѓе, а странските спортисти веќе започнаа да бараат да им се дозволи да си заминат.

На социјалните мрежи страшна фотографија од неговиот дом објави бразилскиот фудбалер Хигор Видал.

„Вака изгледа мојот стан по нападот. Ова покажува какви луѓе се тие. Се однесуваат како животни, напаѓаат невини луѓе како мене и моето семејство. Ве молам да престанете. Вистинско чудо е што јас останав жив“, порача Бразилецот.

Претходно странските кошаркари со заедничко соопштение бараа лигата да се прекине и да им се дозволи да се вратат во домовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерите го одработија првиот тренинг во Амстердам 📸

Maкедонската фудбалска репрезентација ја чека натпреварот од последното коло во групата на…