Дома Трансфер зона Бразилец на мета на Интер, трансферот и тоа како реален!

Бразилец на мета на Интер, трансферот и тоа како реален!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, управата на Интер би можела да доведе еден Бразилец во јанаури.

Интер има одлични резултати оваа сезона, конечно се вратија во трката за титулата, Лучијано Спалети направи навистина одлична работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, поразот од Удинезе минатото коло веројатно дојде во вистински момент за „нероаѕурите“ да сфатат дека мораат да бидат активни во јануари.

Јасно е, засилувања им се потребни, посебно на крилните позиции, каде што единствени вистински избори се Иван Перишиќ и Антонио Кандрева.

Според пишувањето на „Калчо Меркато“ по тој повод во Спалети во своите редовите го сака 25 годишниот Бразилец од Шахтјор, Бернард.

Овој фудбалер во украинскиот клуб пристигна во летото 2013 година за околу 25 милиони евра. До денес запиша 150 настапи за Шахтјор и постигна 26 погодоци.

Она што го прави посебно интерес за „нероаѕурите“ е фактот што договорот со украинскиот шампион му истекува за само шест месеци и во јануари би можел да ја промени средината за релативно ниска оштета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок за навивачите на Барселона: Капитенот го изгубил трпението и заминува!?

Капитенот на Барселона, Серхи Роберто повеќе не сака да ја чека Барселона и одлучил да го …